Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па самиот си пресудил

Голема трагедија се случила синоќа во Сараево каде утрово беа пронајдени три безживотни тела по изгаснат пожар во семејна куќа.

Синоќа околу 21 часот избувнал пожар во куќа на улицата Жагриќи, а жителите на оваа населба слушнале истрели пред пожарот.

Според неофицијалните информации на медиумите во Босна и Херцеговина, на пожарот му претходело двојно убиство, а потоа следувало и самоубиство. Наводно, братот ги ликвидирал братот и снаата, а потоа сам си пресудил.

Според првите информации, семејниот конфликт меѓу браќата траел веќе подолго време.

Во прашање се браќата Алмир, Муамер и неговата сопруга Емира со која Муамер се оженил пред 2 години.

Според се уште непотврдени информации, Алмир го убил својот брат Муамер, неговата снаа, ја запалил семејната куќа, а потоа се самоубил.

Повеќе информации ќе бидат познати по истрагата.