Мицкоски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Македонија, Ами Ларсон Џејн

0
264

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска во Република Македонија, Ами Ларсон Џејн.

На средбата стана збор за економската и енергетската криза во Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го објасни планот за справување со енергетската криза и потенцираше дека за разлика од власта, ВМРО-ДПМНЕ покажува државнички капацитет со план кој е одржлив, со план со кој ќе се заштедат 300 милиони евра и ќе се обезбеди доволно струја за домаќинствата и за стопанството.

Мора да се изнајдат решенија како да се помогне на граѓаните и на бизнис секторот за да се пребродат актуелните кризи во државата, појасни претседателот Мицкоски на средбата.

На средбата се зборуваше и за следните чекори на Република Македонија за интеграциите кон Европската Унија, на што претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ и тоа во континуитет се бори и го прави. Меѓутоа, процесот треба да биде еднаков како за сите останати држави, а не истиот да биде процес со понижувања и асимилација на македонскиот народ.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: ВМРО ДПМНЕ