На 30.06.2024/01.07.2024 од 23.50 до 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода Е.Б.(38), Д.Б.(21) и една малолетничка, сите од Скопје, по претходна пријава дека околу 23.30 часот заедно со неколку други членови од нивното семејство насилно влегле во дворот од домот на С.А.(46) од Скопје и физички го нападнале него и членови на неговото семејство, при што употребиле тврди и стаклени предмети, а го оштетиле и неговото патничко возило и прозорци од куќата.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.