Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски е назначен за вршител на должноста откако новиот Управен одбор го разреши досегашниот директор Ејуп Рустеми.
Трајановски беше избран за градоначалник на Скопје во 2009 година и оваа функција ја извршуваше до 2017 година кога функцијата прв човек на град Скопје ја презеде Петре Шилегов. Трајановски ја извршуваше и функцијата градоначалник на Гази Баба до 2005 година.
Досегашниот директор на ЈПДП Рустеми на оваа функција беше од 2020 година.