Бајден за дебатата: Не го слушав мојот тим, за малку ќе заспиев на говорницата

0
45

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-лагот“ за неговата лоша работа во минатонеделната дебата за Си-Ен-Ен. Тој им рече на новинарите дека „не бил многу паметен“ затоа што „летал неколку пати“ пред дебатата.

– Не го слушав мојот персонал… а потоа за малку ќе заспав на подиумот .Тоа не е изговор, тоа е објаснување – изјави Бајден за време на вчерашната посета на Вирџинија, осврнувајќи се на неговите патувања.

Тој се извини за настапот и истакна дека за него е исклучително важно да победи на изборите.

Бајден патуваше во Европа двапати во текот на две недели во јуни пред телевизиската дебата. Тој, забележуваат медиумите, последен пат се врати од патување на 15 јуни, што е речиси две недели пред дебатата на 27 јуни,