Александар Јанев е нов директор на Бирото за јавна безбедност: Ред, закон, интегритет и безбедност без компромис

0
42
Владата на вчерашната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на д-р Сашо Тасевски.
На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите граѓани.
„Безбедност без компромис, со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници. Ќе работиме со интегритет и посветеност за подобрување на безбедноста на сите. Со дигитална трансформација ќе го оптимизираме користењето на технологијата, обезбедувајќи подобра комуникација и безбедност на информациите. Непоколеблива борба против корупцијата, со транспарентност и отчетност, со што ќе ја подигнеме довербата на граѓаните во полицијата“,потенцира директорот Јанев.