Русковска денеска ќе ја поднесе жалбата до Советот на јавни обвинители

Обвинителката Вилма Русковска денеска ќе ја поднесе жалбата до Советот на јавни обвинители, откако беше суспендирана од работа. Советот ќе треба да одлучи по жалбата на Русковска, која беше оддалечена од својата работа од страна на Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавно обвинителство, објави ТВ 21.

„Денеска ќе поднесам жалба до Советот“, кусо истакна Русковска, а потоа се очекува да даде изјава за медиумите.

Русковска има два предмети кои се во пред истрага – едниот за финансиска полиција, другиот за станицата за технички преглед за автобусот кој изгоре во Бугарија.

извор: ТВ 21.