На ден 29.11.2022 год. во 11,30 часот во атар на село Кнежино, оддел 14, Шумско стопанска единица Дреново, од страна на реонските шумочувари затекнати се лица како носат дабово огревно дрво, нежигосано и без испратница со коњи.
Неколку дена подоцна, во место викано Крушино, од страна на реонските шумочувари на ден 03.12.2022год. во 14 часот затекнато е бесправно посечено буково огревно дрво нежигосано и без документ.
По извршените контроли дрвата се одземени и пренесени во складот на подружницата во Лопушник, а против лицата затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави .
JП Национални шуми