(ФОТО) Мапа на местата каде живеат Македонци на Балканот

0
336

На macedonianmaps објавена е мапа на која со црвена боја се означени местата каде што живеат етнички македонци на Балканот во 2023 год. Доколку се погледне мапата, македонците се „најрашркани“ на просторот на денешна Егејска Македонија кој припаѓа на Грција, додека најкопакна целина формираат Македонците кои живеат во источна Македонија и во Пиринска Македонија која денеска е составен дел од Бугарија.

На инстраграм страницата Macedonianmaps се покажува дека Македонци живеат и во Албанија и во Косово. Точниот број на Македонци во светот не е прецизиран, бидејќи во земјите на Балканот не им се овозможува сами да се искажат по етничка припадност, ниту пак Македонија има јасна евиденција за бројот на етнички Македонци во светот. Нема евиденција колку македонци се родени на другите континенти, во други држави и низ целиот свет, ниту пак води прецизна евиденција колку Македонци од децата бегалци се иселени на исток во земјите од поранешниот Варшавски пакт и Советскиот сојуз. Спрема ова, ние во моментов не знаеме колку луѓе со македонско етничко потекло живеат на планетава.

 

извор: News1.mk