Се породи Сања Кужет, синот ќе се вика Вук

Една од најомилените водителки на познатото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Сања Кужет (40) синоќа се породила и на свет донела здраво машко бебе.

Српскиот портал Ало пишува дека среќните родители решиле да го крстат Вук.