Ѕвездите од филмот „Тома“, Тамара и Петар го добија третото дете

0
94

Семејството на Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина се прошири со уште еден член.

35-годишната актерка и 39-годишниот актер добија синче кое го крстија Борис. Ѕвездите од филмот „Тома“ имаат и две други деца.

Убавата вест дека Тамара се породи во болницата „Dragiša Mišović“ ја објави Петар на Instagram.

„Ти си неверојатна. Борис е тука“ – напиша тој за среќната мајка.

Тамара објави видео по посетата на Петар и синчето Лазар во болницата. Таа ги снимаше од прозорецот на нејзината соба.

Популарниот српски пар стапи во брак во јуни 2016 година, а во декември ја добија ќерката Сташа. Синот Лазар се роди во август 2019 година.

 

femina.mk