Оставено бебе во тешка здравствена состојба во центарот на Велес

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, било пронајдено од случаен минувач кој веднаш го однел во болница.

Настанот бил пријавен синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот од каде информирале за случајот и го згрижиле новороденчето.

Ги информирале надлежните дека здравствената состојба на бебето е тешка.

skopjeinfo.mk