Меланија Трамп: „Чудовиште“ го нападна мојот сопруг

Меланија Трамп го прекина молкот во врска со пукањето кон нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

Поранешната прва дама го нарече напаѓачот „чудовиште“ и го опиша моментот кога гледала како куршум го погодил увото на нејзиниот сопруг.

„Чудовиштето што го препозна мојот сопруг како нечовечка политичка машина се обиде да ја згасне страста на Доналд – неговата смеа, неговата генијалност, неговата љубов кон музиката и неговата инспирација“, напиша Меланија на X.

„Додека гледав како куршумот го погоди мојот сопруг Доналд, сфатив дека мојот живот и животот на Барон се на работ на катастрофални промени. Благодарна сум им на храбрите агенти на Тајната служба и на полициските службеници кои ги ризикуваа своите животи за да го заштитат мојот сопруг“, рече таа.