Димовски: Имаше кој да се грижи за Македонците во Албанија, после тоа дојде СЈО

0
51

Не стивнуваат реакциите од резултатите по пописот во Албанија каде бројот на Македонци драстично падна на сметка на бројот на Бугари. Свое видување на работите даде и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ каде на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека најголемиот борец за Македонците во Албанија, Едмонд Темелко до ден денес се влече по судовите во Македонија.

„Најголемиот борец  за Македонците во Албанија  Едмонд Темелко до ден денес државата Република Македонија го влече по судови  благодарение на обвинение на корумпирано и политички зависно СЈО.

Имаше кој да се грижи за Македонците во Албанија, после тоа дојде СЈО“ напиша Димовски