Турскиот хеликоптер од утрово упатен кон Серта

0
82

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово информира дека турскиот хелихоптер е веќе упатен кон Серта, како и дека сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.

– Нашиот фокус во текот на претпладнето и во текот на денот ќе биде ставен на пожарот на Серта, доколку другите пожари не побаруваат употреба на воздухоплови. Најголемиот дел од воздухопловите ќе ги фокусираме на овој пожар на Серта. Трае долго време и зафаќа голем фронт, но карактеристично за него е тоа што во текот на ноќта тој стивнува, изјави ноќеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Додава дека иако стивнува ноќе, со зголемувањето на температурите во текот на денот тој се разговорува.

Повеќе денови трае гаснењето на пожарот на планината Серта, за кој директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов синоќа оцени дека е најсериозен и најтежок за гаснење бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума. Пожарот на Серта синоќа се простираше на територија на Штип и делумно на Неготино.

 

 

denesen.mk

foto MIA