Почитувани, како што веќе ве информирав и претходно, во Македонија започна период на нестабилно време, па така и за време на овој викенд во попладневните часови ќе има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има и појава на ново невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.
И во делови од Скопската котлина ќе има развој на грмотевични облаци, а можно е и ново невреме (особено утре, сабота).
Повеќе услови за нестабилност но и за невреме ќе има на изолираните места, и тоа особено во централните предели од државава, како и локално во источната половина од државава.
Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, и покрај постепениот пад на истите, сепак тие ќе бидат сеуште многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, во Скопје до околу 39 степени, пишува во најновата анлиза метеопрогнозерот Славчо Попоски.