ВРЕДИ: Нема да дозволиме ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење

На опозициската ДУИ и е полна устата со лажен патриотизам откако си ги наполнија џебовите!” Демократската унија за интеграција (ДУИ) е дефиниција за криминал, корупција и рекетирање на бизнисот и граѓаните, особено Албанците. Оваа партија со стил на владеење типичен на африканските и латино режими ги доведе граѓаните во состојба на заложници на нивните погрешни и неодговорни политики. Додека мала група на функционери од оваа партија се збогатуваа и живееја во луксуз, обичниот Албанец кој чесно си го заработува лебот, страдаше за лекови, учебници и други основни животни потреби.

Почитувани граѓани, коалицијата ВЛЕН нема да дозволи ДУИ да ги користи Албанците како штит за нивното криминално владеење. Нема да премолчуваме дека на ДУИ во опозиција и е полна устата со лажен патриотизам, откако си ги наполнија џебовите. Скандалите нема да дозволиме да се заборават. Рамиз Мерко, познат како „локален шериф“ на Струга, во четирите градоначалнички мандати создаде сопствена империја, заради што американскиот Стејт департмент го стави на црната листа за корупција.

Назим Буши, заменик-МВР, заедно со неговиот син, се одмораше во суперлуксузните хотели во Турција каде едно ноќевање чинеше 20.000 евра. Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, ја купи Соравиа за 20 милиони евра, а потоа беше овековечен како слави со огномет. Барлет Џафери, синот на тогашниот прв човек на Собранието Талат Џафери, привлече внимание кога Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој го положил правосудниот испит пред да дипломира, а потоа стана обвинител. Да не зборуваме за матните зделки со лотаријата и коцкањето во режија
на Прпарим Бајрами и Артан Груби кои коцкањето го донесоа во домовите на граѓаните.

Очекуваме органите на прогонот да си ја завршат работата за која ги плаќаат граѓаните и да ја вратат довербата во владеењето на правото и еднаквоста пред законите, без разлика на политичка, етничка или верска припадност.

Октоподот на криминалот и корупцијата Демократската унија за интеграција и нејзините сателити кои коленичат во ходниците пред канцелариите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за да добијат амнестија за криминалот, немаат за цел да ги претставуваат Албанците, туку да се спасат од кривичен прогон.

ВЛЕН со професионални и чесни кадри во Владата посветено работи и се залага за рационално и економично трошење на народните пари.
Партиска Одмазда НЕ, но одговорност ДА! Преминуваме на ДЕЛА!