Претепан маж во бессознание пронајден на улица во Центар

Вчеравечер во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар во Скопје било пронајдено машко лице со повреди и во бессознание.

Како што соопштуваат од МВР, лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар констатирал тешки телесни повреди.

Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.