Единствен перформанс на дронови во Хонгконг

0
48

Денес во Хонгконг се одржа единствен перформанс со дронови, настан попознат како шоу на дронови „Дораемон“, јавува Анадолу.

Илјадници луѓе присуствуваа на настанот на којшто можеа да уживаат во неверојатните изведби со дронови кои произведуваат визуелни слики на небото над Хонгконг.

Перформансот со дронови се одржа над пристаништето Викторија во Хонгконг, а многу посетители ја искористија оваа единствена можност да го фотографираат фасцинантниот лет на дроновите.

Настанот е познат под називот „Дораемон“, сино-белата роботска мачка, познат симбол на популарната култура низ Азија.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.