Академик Владо Камбовски изрази несогласување со идејата за формирање на Албанска академија на науките и уметностите, потенцирајќи дека таква структура е невозможно да постои во една држава.
„Во една држава не може да има две национални академии. Во ниту една држава во светот не постојат две национални академии на науките и уметностите. Возможно е да се формираат, на пример, здравствени здруженија, но невозможно е да има две национални академии“, изјави Камбовски за ТВ 24.
Коалицијата „Вреди“ најави започнување постапка за формирање на Албанска академија на науките и уметностите. Лидерите на „Вреди“ планираат општинско финансирање како привремено решение, додека не се донесе закон кој ќе го регулира ова прашање.
slobodnaevropa.mk