Околу 03.00 часот наутро, денес, на 29. 07. 2024 година, пријавен е шумски пожар од страна на територијална противпожарна единица во катастарска општина Т’лминци, во место викано Оров Рид, подружница Осогово- Крива Паланка. На терен е веднаш испратена екипа од четири лица, вработени во подружницата од Крива Паланка. Пожарот е локализиран а подоцна е испратена уште една екипа од подружницата од четири лица, која ке биде дежурна во текот на денот за надгледување на пожарот.
Пожарот е настанат во шума, во одделение каде претходно имало сеча, но подоцна одделението било пошумено со бор.