Во дневниот билтен на МВР, за 25 јули 2024 година пишува дека 39-годишен кичевчанец е осомничен за кривично дело „попречување на правдата“, извршено ден пред парламентарните избори.
Според информациите кои ги објави Телма, осомничениот е поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој е обвинет за сериозно дело со минимална казна од 1 година затвор и максимална која може да достигне до доживотен затвор во случај на сериозни последици.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Б.(39) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 07.05.2024, пријавениот од својот мобилен телефон преку мобилна апликација испратил порака на полициски началник во СВР Охрид со која коментирал преземање на законски полициски мерки и истражни дејствија поврзани со кривично дело по член 149 од Кривичниот законик и член 190 став 2 од Изборниот законик“,-наведува МВР.