(ФОТО) Шумски пожари во Кичевско

На ден 07. 08. 2024 година пријавен е шумски пожар во Шумско стопанска единица Рабетинска Река во први оддел , каде гори нискостеблеста деградирана сума. Истиот ден е интервенирано со два авиони. Наредниот ден пожарот е проширен и во Шумско стопанска единица Маркулија Орел над село Бигор Доленци, кој сеуште е активен. Моментална опожарена површина е околу 10 ха. Во справувањето со пожарот учествуваат дежурната екипа и припадници на шумочуварската служба од подружницата Лопушник од Кичево, кои го даваат својот максимум за негово локализирање.
Истиот ден, на 07.08.2024 година избувна пожар над село Зајас, во Шумско стопанска единица Тајмишка шума, во четврти оддел, при што е опожарена борова шума веднаш над селото. Во гаснењето на пожарот учествуваа припадниците на шумочуварската служба, противпожарни единици како и гаснење со воздухоплови. Пожарот е локализиран. Во попладневните часови заврна дожд.