Русија му испратила предупредување на Вучиќ дека се подготвуваат масовни немири и државен удар

Претседателот на тој начин ја потврдил информацијата што се појави претходно во медиумите, дека „има масовни немири чија крајна цел е државен удар и соборување на легитимно избраното раководство на земјата“. За ова беше прашан при обиколка на работите во тунелот „Иришки венец“ и тој ги потврди наводите, пренесе Телеграф.

– Денеска добивме официјална информација од Руската Федерација, пренесена преку официјални канали. Ние се справуваме со тоа, одговорна е БИА, а луѓето специјализирани за тоа во Владата на Србија и на сите други места си ја вршат својата работа. Но, тие што фантазираат дека нешто ќе направат со сила – нема. Србија неуморно оди напред, не можат и нема да ја спречат и никој никогаш нема да ја спречи. Тоа е мојата порака до сите, луѓето не треба да се грижат – изјави Вучиќ.