Членовите на семејството Валин, кои од Италија тргнаа на пат со велосипед, во текот на своето патување имаа можност да видат нови места и да спортуваат, известува Агенција Анадолија (АА).
Мајката Кјара Канчијани (43), нејзиниот сопруг, Французинот Реми Валин (42) и децата Томас (11), Романе (9) и Елизе (6) тргнаа на велосипедска тура од Италија пред околу 8 месеци.
Семејството пристигна во Турција минувајќи ги Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Грција, со велосипед замина за Иран, Дубаи и Аман, а во Шри Ланка со авион.
Кон Непал, нивната следна дестинација, членовите на семејството Валин продолжија со велосипеди, од каде што тргнаа назад. Ова семејство на враќање остана 3 дена во Велосипедската академија „Јилдизлар“ во местото Лулебургаз, во турската област Киркларели.
Семејството, кое тука ги сервисираше своите велосипеди, рече дека одвојуваат по околу 3 часа дневно за образование на своите деца.
Реми Валин, кој одвреме-навреме на членовите на семејството им свири на укулеле, во текот на денот ги изведе децата на прошетка.
Кјара Канчијани за Агенција Анадолија (AA) изјави дека многу сакаат да патуваат со велосипед.
Раскажувајќи дека таа и нејзиниот сопруг се запознале на велосипедска тура пред околу 20 години, Канчијани рече дека решиле да одат на велосипедска тура откако добиле три деца.
Истакнувајќи дека за првпат со семејството тргнале на толку долго патување со велосипед и дека патувале низ 11 земји, Канчијани изјави: „На пат тргнавме минатиот август. Патуваме околу 8 месеци, ни остануваат уште 3 месеци да се вратиме дома. На почетокот правевме по 30 километри дневно, сега вртиме педали 50-60 километри на ден. Јас, мојот сопруг, Томас и Романе можеме да возиме велосипед, а Елизе патува со мене.“
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).