(ФОТО) Гостиварец со БМВ по Камен мост

0
461

На социјалните мрежи се прошири фотографија од гостиварец кој со своето возило минува по Камен мост во центарот на Скопје.

Ваквиот негов потег наиде на негодување на скопјани, кои, според објавите, очекуваат Министерството за внатрешни работи (МВР) да реагира и да го пронајде возачот врз основа на регистарските таблици на возилото.