Патнички авион се урна денеска во јужната бразилска држава Сао Паоло, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локални медиуми. Во авионот, како што соопшти бразилската компанија „VoePass“, се превезувале 58 патници и четворица членови на екипажот. Ниту еден од патниците не преживеал.
Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винедо, но не соопштија повеќе детали. На местото на несреќата се испратени противпожарни екипи.
На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како леталото удира во дрвја, по што од местото на несреќата почнал да се издига густ облак од црн чад.
Авионот од моделот АТР-72 имаше капацитет да превезува 68 луѓе.
Се урна во станбена зона во градот Винедо.
На настанот во јужен Бразил на кој присуствуваше, претседателот Луис Инасио Лула да Силва ја замоли публиката да застане и да одржи минута молчење.
фото: PRTSC Телеграм Србија