Нов силен земјотрес во северниот и североисточниот дел од Јапонија

Земјотрес што според прелиминарните мерења, бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди северниот и североисточниот дел на Јапонија. Засега властите не издадоа предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 490 километри под површината на морето. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран и во Охотското Море, источно од брегот на рускиот остров Сахалин.