Дарио Ивановски 69-ти на маратонската трка на Олимписките игри во Париз 2024

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски заврши на 69-тото место на маратонската трка на Олимписките игри во Париз 2024. Во пеколно тешка трка победи Тамират Тола од Етиопија и тоа со олимписки рекорд.

Ивановски го комплетираше маратонот со време од 2 часа, 28 минути и 15 секунди. Зад него финишираа само уште двајца маратонци, но десетмина не го завршија маратонот.

Тола победи со време од 2 часа, 6 минути и 26 секунди со што постави нов олимписки рекорд. Башир Абди од Белгија го освои среброто додека бронзата му припадна на Бенсон Кипруто од Кенија.