(ФОТО) Хероите кои се справија со пожарот кај манастирот Св. Ѓорѓи во с. Паралово

Добри вести доаѓаат од преубавиот манастир „Свети Ѓорѓи“ што се наоѓа во селото Паралово во општина Новаци. Огнор што се закануваше да го зафати овој храм каде почива славниот комита Ѓорѓи Сугаре е локализиран.

Помош се бараше од сите страни, потребни беа багери, механизација и што повеќе доброволци, за конечно на олеснување на сите да пристигне информација дека ова светилиште спасено. Во локализирањето на пожарот учестуваа и доброволците од противпожарното друштво “Архангел”.

Убавата вест на објави Игор Трајковски на својот Фејсбук профил каде соопшти дека манастирот е спасен.

„Манастирот Св. ЃОРЃИЈА ПАРАЛОВО е спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите ние од ДПД АРХАНГЕЛ. Роберт Христовски и Кире по потекло од с.д.Ореово

Селото ПАРАЛОВО е спасено од Пожарникарите на станицата ТППЕ Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски,фам Миленковски и останатите да не ми замерат ако не ги спомнав.

СЛАВА НА БОГА ЗА ВЕТЕРОТ КОЈ ПРАТЕШЕ НА ВИСТИНСКИ ПРАВЕЦ ПО МОЛИТВИТЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА, СВ. ЃОРГИЈА И СИТЕ КОИ СЕ МОЛЕВТЕ И БЕВТЕ СО НАС ВО МИСЛИТЕ“, напиша Трајковски.

 

skopjeinfo.mk