Почитувани, судејќи барем според моменталните следења и наблидувања, конечно после многу долго време, се буди голема надеж за спас од пожарите, горештините и големата суша која ја зафатија нашата Македонија. Од овој викенд, а особено во почетокот на следната седмица очекуваме чести врнежи, грмежи, како и локално, но силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.
Во почетокот на следната седмица се очекува и поголем пад на температурите, и тоа за 8 до 19 степени, локално и за повеќе од 10 степени, што значи дека ни следува поголемо освежување на времето, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.