АПЕЛ до граѓаните да се вклучат во гаснењето.
Почитувани жители на Општина Берово,
Пред малку избувна пожар, над месност викана ФЕТА, над туристичката населба Беровско Езеро, во Берово.
Гори шума и заради ветерот, пожарот брзо се шири.
Потребна е помош, за гаснење на пожарот, па се молат, сите кои се во можност, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот, заедно со нашите пожарникари.