Струмичанецот Стефан Д. е возачот кој од Белград до граничниот премин со Турција го превезол Љупча Палевски Палча, осомничен за убиството на 14-годишната Вања, јавуваат македонските медиуми.
Тој попладнево е уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани, јавува „Телма“.
Според нив, тој самиот објавил слики од рутата на Фејсбук истиот ден кога се возел со Палевски.
Откако бил уапсен на граничниот премин, ги детализирал плановите и локациите на бегалецот каде ќе престојува во Турција, по што, според извори од истрагата на МУП на ТВ „Телма“, македонската полиција ја известила турската полиција да го уапси.
telma.mk