Македонска Каменица се вбројува во општините, каде наставата во сите училишта секој понеделник ќе започнува со интонирање на државната химна. Одлуката едногласно ја усвои Советот на Општината на вечерашната одржана седница.
Според одлуката усвоена на 32-та Седница на Советот на општина Македонска Каменица, секој понеделник пред почетокот на наставата државната химна ќе биде интонирана во Средното општинско училиште „Миле Јаневски Цингар“, Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, како и подрачните училишта на целата територија на Општина М.Каменица.
slobodenpecat.mk