(ФОТО) ТППЕ Охрид: Поголемите пристапни жаришта на Галичица се ставаат под контрола

Тппе Охрид заедно со Доброволно противпожарно друштво “Повардарец” – Неготино DPD Entuzijast Ohrid – Debrca и останати волонтери со логистичка поддршка од погранична полиција, вработени во нп Галичица, води тешка секојдневна битка со пожарот на западниот дел од Охридската страна, над месноста Војтино.
ТППЕ Охрид – Пожарна на располагање ги стави сите можни капацитети ,со оглед на тоа што единицата функционира и со секојдневни пожари и технички интервенции во урбана средина. Од голема помош во оваа ситуација се горенаведените доброволни друштва и останати волонтери. Гори нискостеблеста густа вегетација и Букова шума на повеќе локации, а при тоа на одредени жаришта нема пристап за нашите екипи што дополнително ја отежнува работата.
Поголемите пристапни жаришта се ставаат под контрола !