Акцијата за гасење на пожарот на Галичица продолжува денес со гасење и од воздух. На помош денес ќе дејствуваат два хеликоптери.
Гасењето на пожарот ќе се одвива и од копно каде делуваат пожарникарите од ТППЕ Охрид, вработени во Национален парк “Галичица “, ДЗС и ЦУК, како и членови на службата за спасување на планина и волонтери, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.