Царинската управа со неколку илустрирани насоки за тоа што може да носите при влез и излез од државата

Царинската управа со неколку илустрирани насоки за тоа што можат граѓаните да носат при влез и излез од државата, за да немаат проблеми при царинската контрола.

Дозволен влез на преработки од тутун:

200 ЦИГАРИ
100 ЦИГАРОЛОСИ
50 ПУРИ
250 гр. ТУТУН

Дозволен влез на алкохолни пијалоци:

2 ЛИТРИ АЛКОХОЛ ДО 22%
1 ЛИТАР АЛКОХОЛ НАД 22%

Дозволен внес и изнес на пари во готовина:

ПРИ ИЗЛЕЗ ДО 2.000 €
Износот од 2-10.000 € треба да го пријавите и да приложите доказ за потекло од банка или менувачница

ПРИ ВЛЕЗ ДО 10.000 €
Секој износ над 10.000 евра треба да се пријави.

Дозволен внес на парфеми:

ПАРФЕМИ ДО 50 МИЛИЛИТРИ
ТОАЛЕТНА ВОДА ДО 250 МИЛИЛИТРИ
Дозволен внес на стока од некомерцијална природа:

СТОКАТА* КОЈА ЈА ВНЕСУВАТЕ ОД СТРАНСТВО ВО ВРЕДНОСТ ДО 350 € Е ОСЛОБОДЕНА ОД ПЛАЌАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ, ДОКОЛКУ ИСТАТА Е ОД НЕКОМЕРЦИЈАЛНА ПРИРОДА

* (со исклучок на алкохолни пијалоци, преработки од тутун, парфеми и тоалетна вода)

Пренос на миленици:

За секој домашен миленик сопственикот треба да има:

ПАСОШ
ВЕТЕРИНАРНО-ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ