Затвореник нападнал полицаец во Идризово

0
89

Синоќа додека бил дежурен на смена во Идризово, затворски полицаец бил нападнат од осуденик кој издржува казна затвор. Од МВР соопштуваат дека работат на расчистување на случајот.

На 23.05.2024 во 22.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во амбулантското одделение во Казнено поправната установа Затвор-Идризово Скопје, полициски службеник додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од З.П., осуденик во установата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.