Денеска во Општина Охрид како заменик-градоначалник присуствував на Саемот на образование каде наши гости беа претставници на повеќето факултети и универзитети од Ниш, Белград и Нови Сад кои ги презентираа можностите, условите, стипендиите и другите бенефиции за студирање на македонските студенти на факултетите и универзитети во Р. Србија.
Саемот на образование е во организација на универзитетите и факултетите од Р. Србија во соработка со образовните институции во Македонија, амбасадата на Р. Македонија во Србија и Почесниот конзулат во Охрид, а поддржан и од Општина Охрид.
На Саемот беа презентирани сите програми од искусни професори предводени од Младен Шарчевиќ, поранешен министер за образование и сегашен советник за образование на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, напиша на својот ФБ профил заменик градоначалникот Перчо Божиновски.