(ВИДЕО) Избодени две лица во кошаркарското куп финале на Косово

0
113

Во Косово се случил инцидент по завршувањето на финалниот натпревар од кошаркарскиот куп помеѓу Трепча од Косовска Митровица и Голден Игл од Сува Река.

Од полицијата потврдија дека две лица биле избодени по завршувањето на средбата. Двете лица побарале итна медицинска помош по што биле навреме хоспитализирани.

„Околу 21:30 часот добивме пријава дека две лица на кошаркарски натпревар се повредени со остар предмет и побарале помош во регионалната болница во Митровица. Полицијата работи на расчиствување на случајот“, иформираше портпаролот на полицијата, Авни Захити.

Во финалето Трепча успеа да слави со победа во „мајсторката“ од 67:66 и за нив тоа беше петта титула во историјата на клубот, но прв по пауза од 12 години.