Деца во кинеска градинка учат да готват, шијат и мајсторисуваат

0
38

Видеа од градинка во Кина станаа вирален хит на социјалните мрежи.

Во нив се прикажани деца од најрана возраст додека учат да готват, да шијат, да плетат, да поправаат дрвени предмети како столови и слично.

Погледнете:

На почетокот од годината, хит стана и видео од училиште кое на децата им нуди часови по готвење. Во него децата учат сами да приготвуваат оброци и нивните учители биле изненадени од нивните вештини и од брзото учење.

„Ние, учителите, исто така бевме изненадени од вештините на децата. Да бидам искрена, јас не знам да правам палачинки како што прават тие. Можеби не можат да прават сè од првиот пат, но нашите учители беа тука за да им дадат насоки. Децата учат многу брзо“ – рекла директорката на училиштето.

Бројни се коментарите дека во минатото сето ова се учело во училиштата и дека треба повторно да се воведе во едукацијата. Сепак, има и многу коментари кои ги критикуваат вработените и родителите. Едни ги обвинуваат што дозволуваат трудот на нивните деца да биде искористуван, а други коментираат дека децата треба да се забавуваат, а не да готват.

 

femina.mk