Денес продолжуваат обилните врнежи во Македонија, можно е и локално невреме

Циклонот од Средоземјето, преку Јадранот пристигна  и во Македонија. До крајот на денешниот ден насекаде во Македонија овој циклонски систем ќе услови пообилните врнежи од дожд да продолжат. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

И во Скопскиот регион продолжуваат врнежите од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера, и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, пишува во најновата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk