Oд утре исплатата на февруарските пензии

0
407

Февруарските пензии ќе бидат предвреме подготвени за готовинска исплата во четири групи почнувајќи од 24 февруари до 01 март, информираа од Владата.

Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во 4 денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно следниот распоред:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24.02.2022 година (четврток);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2022 година (петок);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2022 година (понеделник); и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.03.2022 година (вторник).