More

    Патнички авион за малку ќе паднел на автопат во близина на Белград

    Драма за која биле потребни секунди да се претвори во трагедија се случила во авионот на „Флајдубај“ во петокот околу 14 часот на пистата на аеродромот „Никола Тесла“.

    Летот FZ1746 од Белград до Дубаи можел да биде прекинат само неколку минути по качувањето на патниците, бидејќи авионот предоцна се „откачил“ од пистата. Имено, „Боингот 737-8 МАКС“ го прелетал прагот на пистата на висина од само неколку метри.

    Според добро информиран извор за Објектив, патниците не биле ни свесни дека нивните животи се во опасност, иако авионот почнал да се качува невообичаено бавно, по што прелетал покрај пистата на височина помала од 10 метри.

    „Иако пилотите го пресметале полетувањето користејќи ја целата должина на пистата, која е 3.000 метри, поради некоја причина тие не полетале од нејзиниот почеток, туку од место еден километар подолу по пистата, во правец на автопатот. Трагедијата беше избегната во последен момент, бидејќи авионот едвај ја прелета заштитната ограда и требаше да заврши на делници од автопатот во близина на аеродромот“, рекол изворот, пренесув српски Курир.

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    3.6kmh
    0 %
    Wed
    28 °
    Thu
    28 °
    Fri
    29 °
    Sat
    29 °
    Sun
    29 °
    spot_imgspot_img