More

    (ВИДЕО) Експлозија во илегален рудник за злато во Буркина Фасо, загинале 63 лица

    Најмалку 63 луѓе загинаа, а околу 40 се повредени во вчерашната експлозија во илегален рудник за злато во југозападниот дел на Буркина Фасо, соопшти државната телевизија, пренесуваат западни медиуми. Според болнички извори бројот на повредените е над 70 лица.

    Властите информираа дека едно лице е уапсено под обвинение за убиство од небрежност. – Се надеваме дека ова лице ќе може да даде објаснување за околностите и причините за експлозијата, рече државниот обвинител.

    Експлозијата се случи во таен рудник за злато во Гомгомбиро. Локален жител рече дека тоа се случило во област што се користела за складирање на шверцувани стапчиња динамит, но служела и како пазар за рударите.

     

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img