НАТО на онлајн самит по руското признавање на делови на Украина

0
585

НАТО денеска, како што е најавено треба да одржи виртуелен самит откако потегот на Русија да признае два отцепени региони во источна Украина како независни, ги зголеми тензиите меѓу Русија и Западот. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг синоќа изјави дека НАТО очекува Русија да изврши напад од големи размери во Украина и затоа ги стави своите сили за брза реакција во подготвеност за да ги брани своите сојузници. „Сè укажува дека Русија планира масовен напад врз Украина“, изјави Столтенберг по вонредниот состанок на комисијата НАТО-Украина во седиштето на Алијансата во Брисел.

Столтенберг рече дека Русија ветила оти ќе ги повлече своите трупи и наместо тоа „концентрирала повеќе сили, во борбена готовност и е подготвена за напад“. Според него, НАТО е подготвен да ги брани сојузниците. Силите за брз одговор се во подготвеност, но не се распоредени, додаде Столтенберг. Заради закажаниот самит турскиот претседател Таип Ердоган го откажа планираното патување во Гвинеја-Бисао и се врати во Турција.

 

извор/фото: Слободна Европа