За вкусна виткана пита се потребни добар рецепт, вистински состојки и искуство. Иако има само 10 години, Лена Кљајиќ од Белград веќе сега има доволно кулинарски вештини за да направи одлична пита. Во тоа се увери и тимот на ДВ. Почнала да прави печива кога имала пет години, а нејзината игра со брашното не престанува ни денес. Знаењето го стекнала од родителите, во семејната пекарница во Обреновац, каде занаетот се пренесува од колено на колено.
DW