ДЕН 1-OHRID WATER FESTIVAL 2024

Доделени наградите на најдобрите учесници на Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2024“, која се одржуваше вчера и денес во водите на Охридското Езеро. Ова е четврто издание на регатата во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг” од Охрид.
🏊
Означен беше почетокот на ОФВ Пливачкиот митинг кој се одржува на градскиот базен „ Атина Бојаџи“ во организација на Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид. Во текот на двата натпреварувачки дена предвидени се трки во две дисциплини, по што следува свеченост за доделување на наградите на најдобрите пливачи во машка и во женска категорија.
✅
Утре на програмата се настаните:
➡️
Meѓународна Oхридска веслачка регата
➡️
ICF 23 Трета Меѓународна Илинденска регата во кајак и кану
➡️
Meѓународен Ревијален Ватерполо турнир
➡️
Red Bull Педалинка