Застрелан осомничен за убиство во престрелка со полицијата во тетовско

Во престрелка во тетовското село Гајре, осомничен во истрага за убиство којшто бил баран со потерница отворил оган кон полиција.

Како што објави Телма, при обидот полицијата да го уапси осомничениот, тој пукал, а во престрелката бил ранет. Застреланиот починал на пат кон болница.

 

fokus.mk