ЦУК: Активни 5 пожари на територијата на Македонија

Во текот на денешниот ден, 26.08.2024 година, до 14:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се 5 и под контрола се 3.
АКТИВНИ: 5
1. Општина Чашка: место викано Котева Круша атар на с.Оморани према с.Степанци, префрлен од планина Мукос (мешана шума);
2. Општина Македонски Брод: с.Грешница, кај резервоарите од селски водовод (мешана шума);
3. Општина Врапчиште: кај гробиштата во с.Врапчиште (ѓубриште);
4. Општина Радовиш: с.Подареш (ниска шума и сува трева);
5. Општина Шуто Оризари: нас.Шуто Оризари (ѓубре).
ПОД КОНТРОЛА: 3
1. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева);
2. Општина Кичево: с.Цер кон с.Старец (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување);
3. Општина Охрид и Општина Ресен: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (тлеат трупци од претходниот пожар), с.Стење и с.Лескоец, Општина Ресен (трева и лисна постелка во дабова шума).